Thursday, January 30, 2014

TELEGRAF.mk - НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТУРИ: Ванковска во трка за претседател

http://www.telegraf.mk/aktuelno/96754-nezavisni-kandidaturi-vankovska-vo-trka-za-pretsedatel
TELEGRAF.mk - НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТУРИ: Ванковска во трка за претседател 
Кликните на фотографијата за да го проследите написот или на долниот линк

МКД Интервју - Досега ме прашуваа „зошто се плашите да се активирате“, сега се чини ќе биде „знаевме ние дека таа сака власт“

http://www.mkd.mk/makedonija/politika/vankovska-dosega-me-prashuvaa-zoshto-se-plashite-da-se-aktivirate-sega-se-chini
МКД Интервју - Досега ме прашуваа „зошто се плашите да се активирате“, сега се чини ќе биде „знаевме ние дека таа сака власт“ ... Клинк на фотографијата за да го проследите написот или на долниот линк

Прва јавна објава на намерата за кандидирање

http://24vesti.mk/24-analiza-27-01-2014
Прва јавна објава на намерата за кандидирање - клик на фотографијата за да го погледате видеото или на долниот линк

БИОГРАФИЈА НА ПРОФ. Д-Р БИЛЈАНА ВАНКОВСКА



Проф. д-р Билјана Ванковска е родена во Скопје во 1959 година, во четиричлено семејство кај татко графички работник (линотипер) и мајка-домаќинка. Основното и средното образование (гимназија) завршила со континуиран одличен успех, како првенец на генерацијата. Правниот факултет во Скопје (политичко-управна насока) го завршила во април 1982 година, за 3,5 години, како втор најдобар студент на генерацијата. Магистрирала (1987), а докторирала (1992) година на Правниот факултет во Скопје, на тема за улогата на војската во политиката.
 
Првото вработување е како судиски приправник во Општинскиот суд Скопје I - Скопје, каде работи од 1982-1983 година. Оттаму преминува на Филозофскиот факултет каде се вработува како помлад асистент на предметите од правно-политичката област во 1983 година. По докторирањето, во 1993 година е избрана за доцент, пет години подоцна за вонреден професор, а потоа и два пати (2003 и 2008) за редовен професор. Член е на Стручниот совет за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
 
Во текот на својата наставна кариера предавала главно на Институтот за безбедност, одбрана и мир, но покрива предмети и на Институтот за социологија и Институтот за социјална работа. Ангажирана е на трите насоки на последипломските студии на Институтот за безбедност, одбрана и мир (мир и развој, за безбедност, одбрана) и на Европските студии (при Институтот за социологија). Во текот на својата кариера била раководител на Институтот за одбрана (2000/2001 година), заменик-раководител на Институтот за одбрана (2006-2009), а од октомври 2009 година ја извршува функцијата на раководител на последипломските студии по Мир и развој.
 
Проф. Ванковска е професор и на Европскиот мировен универзитет (EPU, http://www.epu.ac.at) во Штадшлајнинг (Австрија). Гостувала како предавач на повеќе универзитети во регионот (Загреб, Љубљана, Белград), но и пошироко (Брадфорд - Велика Британија, Колумбија-Мисури, Труман, Дулут - Минесота,).
 
Во периодот од 2001-2002 година била Виш научен соработник во Женевскиот центар за демократска контрола над вооружените сили (www.dcaf.ch). Во периодот 1997-2000 година на повеќе наврати била визитинг Виш истражувач на Копенханшкиот институт за мировни истражувања  (Copenhagen Peace Research Institute, COPRI). Таа е меѓународен соработник во TFF (Transnational Foundation for Peace and Future Research,www.transnational.org) и член на меѓународната мрежа на истражувачи на мирот TRANSCEND (www.transcend.org). Од 1998 година е номинатор за Сеулската награда за мир (Seoul Peace Prize, http://www.seoulpeaceprize.or.kr).
 
Како автор има објавено преку стотина публикации (книги, поглавја и научни статии), од кои најголемиот број се објавени во странство и на англиски јазик. Член е на уредувачки одбори на повеќе реномирани меѓународни научни часописи (International problems, Journal of International Relations and Development, European Perspectives, Human Security, Res Militaris). Проф. Ванковска беше првиот уредник на научното списание „Безбедносни дијалози“, кое го издава Филозофскиот факултет (Институт за безбедност, одбрана и мир).
 
Проф. Ванковска е активна и во повеќе меѓународни научни здруженија, како IPSA, ISA, IPRA, EuPRA, IUS on Armed Forces and Society, ERGOMAS.
 
Во јавноста е позната како чест гостин на домашни и странски медиуми и коментатор на актуелните политички и меѓународни случувања. Од 2004 година до денес била редовен колумнист на повеќе дневни весници (Дневник, Утрински весник, Време, Шпиц, Нова Македонија) и неделници (Македонско сонце, Фокус).
 
Проф. Ванковска не била член на ниту една политичка партија, ниту била вршител на јавна или политичка функција.
 
Во периодот 2004-2005 година била потпретседател на Граѓанското движење на Македонија. Активна била и во невладиниот сектор, особено во Евробалкан (2003-2005), а била и член на Бордот на Македонскиот хелсиншки комитет (2006/2007). на регионален план, таа е член на Коалицијата за РЕКОМ, а во периодот 2011-2014 ја извршувала функцијата Јавен заговарач за Иницијативата за РЕКОМ (www.zarekom.org), чија цел е основање на Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и тешките повреди на територијата на поранешна Југослљавија (1991-2001).
 
Проф. Ванковска е активна и на социјалните медиуми: во 2008 година стана блогер, а од 2010 е активна на Фејсбук.
 
Проф. Ванковска е мајка на три ќерки на возраст од 30, 26 и 19 години.