Почитувани граѓани,по крајот на денешниот работен ден, ние,
најблиските поддржувачи на проф. Ванковска сакаме да ги споделиме со вас
нашите искуства.
Заврши административната бура, списоците се
поднесени и полека се собираат потписи. Но, остануваме запрепастени од
непристојното однесување околу канцелариите на ДИК - некои нови партии
мислат дека со „грмење“ можат да покажат колку се силни, а сакаат и да
заплашуваат. Можеби се силни (дефинитивно се гласни), но нивното
однесување е далеку од демократско, цивилизирано и граѓанско однесување.
Срамота е луѓето кои отишле да дадат потпис (за кого и да е) да бидат
изложувани на дерење, влечење за раце, убедување и агитирање. Добивме
поплаки и од повозрасни лица кои на крајот излегле едноставно збунети,
со нејасна претстава дали се потпишале во вистинскиот список. Ние што
застанавме зад кандидатурата на професорката Билјана Ванковска секако
дека нема да ја играме оваа игра така. Не се повлекуваме и понатаму
цврство веруваме во демократските капацитети на голем дел од граѓаните
на оваа наша држава.
Иако имаме овластени
претставници во повеќе места, на мислење сме дека тие луѓе едноставно
нема потреба да висат во канцелариите на ДИК, каде има службени лица кои
веруваме се крајно професионални и даваат натчовечки напори да се
снајдат со целата конфузна ситуација и со чудните ликови од партиските
редови кои им дишат во врат на граѓаните.
Почитувани наши истомисленици, би сакале да ви ги отвориме очите за следниве ситуации:
- секој од вас, кога ќе се потпише ќе го знае вкупниот број граѓани кои се потпишале до тој момент;
-
пред да го ставте потписот задолжително погледнете на дното на листата
дали стои името и презимето на кандидатот за кој сте се одлучиле да го
дадете својот потпис - некои укажувања и преупредувања од терен говорат
дека агресивните партиски претставници со умисла ви ги подметнуваат
сопствените списоци;
- задолжително погледнете дали ви е точен
ЕМБГ кој најчесто го внесува службеното лице на ДИК - други сведоштва
укажуваат на „случајно“ згрешени матични броеви на веќе потпишани
граѓани, кои на крајот ќе се сметаат за неважечки.
- на неколку места спомната е можна пауза за ручек во периодот од 12:30 до 13:00 часот.
Иако
сме на самиот почеток од овој процес, сметаме дека видовме повеќе од
доволно за да можеме слободно да заклучиме дека случувањата од денешниот
ден беа вистински одраз на репресија и искористување на граѓанинот и на
неговата индивидуална моќ од страна на партиски елити.
Ова беше напорен ден, со големи тешкотии околу отпочнување на процесот, но очекуваме од утре сè да биде постабилизирано.
Oд
сите места (42) кои одлучивме да ги покриеме со списоци, не успеавме
само во Виница (технички проблем), Петровец (можно е дополнително да го
покриеме) и Арачиново (Шуто Оризари почнува со работа утре). На сите
останати 38 места списоците се отворени. Местата каде се сместени
канцелариите на ДИК со сите промени се наоѓаат на блогот на Ванковска и
на нејзината web страна, а постојано се додаваат и на нејзиниот статус
на Фејзбук профилот.
На крајот на овој прв ден, сакаме да им се
заблагодариме на сите оние кои и покрај непријатностите, денес сепак беа
упорни и отидоа да се потпишат за Ванковска.
Најпосле, сосем доликува да ве поздравиме со нејзини зборови:
„Драги
мои, бидете кул! Јас не носам организирани групи, ниту ќе проверувам
списоци кој бил прв на местото на потпишување (и дали воопшто се
појавил). Одете малку подоцна, бидејќи од организации кои мислат дека е
ова битка за живот и смрт, не може на ред да се дојде. Јас сакам оние
кои ќе ми дадат потпис да се чувствуваат како луѓе, граѓани,
достоинствено и без тормозење... Нека се издуваат партииве, па после ние
граѓаните ќе си собереме потписи“.
Со почит,
Тим Ванковска
Sunday, February 16, 2014
Saturday, February 15, 2014
ОПШТИНА ПЕХЧЕВО - СОБИРАЊЕ НА ПОТПИСИ НА НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ОПШТИНА ПЕХЧЕВО - СОБИРАЊЕ НА ПОТПИСИ НА НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Борис Кидрич број бб, Во општината - Анетка Поповска 075/417711
Клик на мапата или на долниот линк
Friday, February 14, 2014
ОПШТИНА ЗЕЛЕНИКОВО - СОБИРАЊЕ НА ПОТПИСИ НА НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ОПШТИНА ЗЕЛЕНИКОВО - СОБИРАЊЕ НА ПОТПИСИ НА НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
станица Зелениково, Во општината - Сузана Николовска
Клик на мапата или на долниот линк
ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ - СОБИРАЊЕ НА ПОТПИСИ НА НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ - СОБИРАЊЕ НА ПОТПИСИ НА НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Петровец, Во општината - Елена Младеновска 075/376758
Клик на мапата или на долниот линк
ОПШТИНА СОПИШТЕ - СОБИРАЊЕ НА ПОТПИСИ НА НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ОПШТИНА СОПИШТЕ - СОБИРАЊЕ НА ПОТПИСИ НА НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ул 2 број 2, Во општината - Томислав Вулгаракис
Клик на мапата или на долниот линк
ОПШТИНА ИЛИНДЕН - СОБИРАЊЕ НА ПОТПИСИ НА НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ОПШТИНА ИЛИНДЕН - СОБИРАЊЕ НА ПОТПИСИ НА НЕЗАВИСНИ КАНДИДАТИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Илинден ул.5 бр. бб, Во општината - Гордана Стојковска 070/363057
Клик на мапата или на долниот линк
Subscribe to:
Posts (Atom)