ЗОШТО Е ВАЖЕН ВАШИОТ ПОТПИС
- Затоа што имате моќ да одредите кој ќе биде кандидат!
- Затоа што тоа е Ваше право и начин активно да учествувате во политичкиот живот!
- Затоа што ќе дадете поддршка на личност, а не партија!
- Затоа што ќе поддржите граѓанин, а не етничка заедница!
- Затоа што НЕ чекате да ја видите понудата на партиските центри, туку преземате акција!
- Затоа што Вие одлучувате за мандатот на претседателот - не во финишот, туку на стартот на трката!
- Затоа што потписот е чин на лична самостојност, израз на слобода и бунт против стравот и начинот на кој се водат изборите!
- Затоа што со потписот ми давате шанса на рамноправна основа со партиските кандидати да покажам што знам и умеам!
- Затоа што потписот НЕ Ве обврзува да гласате за мене ако во изборната трка не Ве убедам во моите квалитети и способности!
ВАШИОТ ПОТПИС НЕ ОДИ ПОПУСТО! НЕ Е ЗА ЏАБЕ!
Со него ќе помогнете да се урне психолошката бариера која поединецот го прави мал и немоќен пред машинериите!
Со него ја збогатувате политичката понуда!
Со него ќе ја збогатите дебатата за најважните прашања, со кандидатка која ќе зборува од позиција на разум, критички ум и знаење!
Со него им испраќате порака на политичарите дека сакате нешто ново!
Со него давате морална поддршка на некој кој со сопствени сили и средства се соочува со Државата!
Со него поддржувате некој кој нема ниту моќ ниту сака да Ве застрашува или да Ве деградира со купување симпатии!
Со него давате поддршка на некој кој веќе живее во 21 век, бидејќи води не-кампања преку сите социјални мрежи, Ви се обраќа на најдостапниот и најевтиниот начин!
Со него давате поддршка на личност која смета дека во време на сиромаштија, политичките кампањи се вистински безобразлук и знак на непочитување на граѓаните!
ВЕЛАТ ДЕКА 10,000 ПОТПИСИ БИЛЕ НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА. ЈАС ВЕ УВЕРУВАМ ДЕКА НЕ Е - АКО ОВА ГО СФАТИМЕ КАКО ЗАЕДНИЧКИ ПОТФАТ! ОВА Е ЈАСНА ПОРАКА ДО ПОЛИТИЧАРИТЕ КОИ ЈА ИЗНЕВЕРИЈА НАШАТА ДОВЕРБА!
БЕЗ ВАШИОТ ПОТПИС ЈАС ЌЕ СИ ОСТАНАМ ПРОФЕСОР, КОЛУМНИСТ, АНАЛИТИЧАР И АКТИВИСТ! НО СИТЕ ЌЕ ОСТАНЕМЕ БЕЗ МОЖНОСТ ДА ВИДИМЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ КАКВИ ШТО ДОСЕГА НЕМАЛО! СО ВАША ПОДДРШКА ЌЕ ДОКАЖАМ ДЕКА ВО ПОЛИТИКАТА СЕ МОЖЕ СО АКТИВИЗАМ, ВОЛОНТЕРСТВО, БЕЗ ПАРИ, БЕЗ ПРОПАГАНДА, БЕЗ ЗДОДЕВНОСТ И ПРАЗНИ ФРАЗИ!
За половина час од Вашето време, ќе постигнете голема морална победа на граѓанската идеја! ПОЈДЕТЕ ДО ПОДРАЧНОТО ОДДЕЛЕНИЕ НА ДИК ВО ПЕРИОДОТ ОД 16 ФЕВРУАРИ ДО 2 МАРТ, ОД 8:30 ДО 19:00 СЕКОЈ ДЕН, ВКЛУЧИТЕЛНО И ВИКЕНДИТЕ!
Власта произлегува од народот и мора да се врши во негова полза! Ова е првиот чекор до власт која навистина ќе произлезе од народот, за народот!
No comments:
Post a Comment