Thursday, February 6, 2014

Избори: Самоиницијативноста на граѓаните е на тест

Ви го пренесуваме делот од интервјуто на професорката Билјана Ванковска за порталот Академик, во кое таа зборува за потешкотиите со кои се соочени луѓето што сакаат да се потпишат за независните кандидати во процедурата за собирање 10,000 потписи.

Таа потенцира дека луѓето треба да направат чекор повеќе во тој поглед.



Проф. д-р Билјана Ванковска, која поднесе барање за да почне процедурата за собирање 10 илјади потписи со кои таа како независен кандидат ќе влезе во трката за претседател на државата, посочува дека правно-техничките проблеми како овој не се изолирани.

„Проблем, на пример, за Скопје – градот во кој живее третина од популацијата, е во тоа што Ѓорче Петров и Карпош гласаат во канцеларија која се наоѓа во Козле, на улица Стрезово бр. 7. Дотаму нема автобуска линија, а мнозина никогаш не слушнале за уличката. Аеродром и Центар собираат потписи заедно во просториите на ДИК во општина Центар. И да не набројувам. Во случај како мојов, навистина на тест се става самоиницијативноста на граѓаните и нивната вистинска желба да ја најдат канцеларијата“, аргументира Ванковска.
Како што и посочиле од ДИК, дополнителни пунктови и одделенија нема да се отворале, затоа што, како што нагласиле, ДИК немал ниту доволно луѓе ниту доволно канцеларии.

No comments:

Post a Comment